21.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Артета демантира дека ќе го напушти Арсенал

Микел Артета изјави дека не размислува да го напушти Арсенал на крајот на сезоната.

„Кој, јас? Не. Тоа се лажни вести. Вознемирен сум поради тоа што го прочитавте. Не можев да верувам ниту јас самиот. Се наоѓам на вистинското место со вистински луѓе покрај себе и се чувствувам добро поради тоа. Се наоѓаме на добар пат и имам уште многу да направам тука. Имам одличен однос со управата, работите доаѓаат по природен пат. Кога ќе дојде вистинското време, ќе зборуваме за договорот и ќе пронајдеме најдобро решение“, изјави Артета на прес-конференцијата пред утрешниот дуел на Арсенал со Нотингам форест.

Синоќа каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Артета ја информирал управата на Арсенал дека на крајот од сезоната ќе си замине, како и дека наводно ја одбил можноста да седне на клупата на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести