Артета детално опиша низ што поминал за време на заразата од Коронавирусот

Тренерот на Арсенал Микел Артета беше првиот заразен со Коронавирусот во Премиер лигата. На 12 март беше потврдено дека шпанскиот стратег е заразен, а веднаш потоа беше одлучено и да се прекине првенството во Англија. Засега нема најава кога повторно ќе има премиерлигашки фудбал.

Тој се заразил за време на дуелот против Олимпијакос во Лигата на Европа, затоа што газдата на грчкиот тим бил позитивен на Коронавирусот.

„Во моментите кога од клубот ми се јавија и ми соопштија дека сме биле подложени на извор на зараза, јас веќе почна да ги чувствувам симптомите. Кога ми рекоа дека газдата на Олимпијакос дека бил заразен од Коронавирусот, а ние игравме на 27 февруари, знаев дека вирусот го имам и јас. Следниот дел игравме против Сити и веднаш му се јавив на докторот. Потоа ги известивме и челниците на лигата и за брзо време првенството беше прекинато“, вели Артета.

Некогашниот фудбалер, а сега стратег вели дека го победи опасниот вирус многу полесно од очекуваното.

„За мене тоа беше само обичен вирус. Три дена имав обична температура и сува кашлица. Чувствував и некоја непријатност во градите. Тоа беше сѐ. Се уплашив бидејќи имам три деца, а фала му на Бога, тие се здрави“, вели поранешниот фудбалер на ПСЖ, Ренџерс, Сосиедад, Евертон и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести