Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, планира во зимскиот преоден рок да го засили нападот и поради тоа ѝ порача на управата да тргне по потписот со играчот на Брентфорд, Ајван Тони.
Според англиските медиуми, Артета смета дека Тони и Габриел Жесус би биле идеални партнери во нападот на Арсенал.
Брентфорд за својот напаѓач, кој е суспендиран од Премиер лигата и сезонава сè уште нема одиграно ниту една минута, бара отштета од 100 милиони фунти.
Бидејќи во летото потроши голема сума пари за купување на играчи како Кај Хаверц, Деклан Рајс и Холанѓанецот Јуриен Тимбер, ќе мора прво да продаде неколку фудбалери за да нема проблеми со финансискиот ферплеј.
Артета е подготвен во јануари да се откаже од голманот Арон Рамсдејл, Томас Парти, Емил Смир Роув и Еди Нкетија само за да собере пари за трансферот на Тони, кому суспензијата му истекува на 17 јануари.