15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Артета е презадоволен: Понапред сме од тоа што мислев

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, е задоволен од досегашните подготовки пред сезоната и според него, тимот е во многу погледи понапред отколку што очекувал, иако Топџиите вчера загубија со 0:1 од Тотенхем.

„Многу сум позитивен во врска со сè што видов во последните 10 дена. Тоа ме охрабрува. Во многу области сме пред моите очекувања. Иако последниот резултат остава лош вкус, има и позитивни работи што треба да се извлечат од него. Тоа е потсетник колку се тенки линиите помеѓу победата и поразот“, рече Артета по дербито со Тотенхем.

Шпанецот коментираше и за дебито на Виктор Ѓокереш и на Кристијан Москера, кои се појавија во играта во последните 20-тина минути од мечот против лондонскиот ривал.

„Навистина сум среќен што се тука. Мислам дека ќе бидат многу вредни за нас. Тоа можете да го видите веднаш. Ќе донесат енергија и квалитет. Нивното учество во овој натпревар за нив беше кратко, но кога ќе играат против Виљареал, сигурен сум дека ќе биде поинаку“, вели Артета.

Шпанскиот стратег увери дека Габриел Магаљаес, Рикардо Калафиори и Јуриен Тимбер, кои закрепнуваа од повреди, ќе бидат достапни за почетокот на новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести