6.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Артета ги засилува редовите на Арсенал, доведе куче!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета реши да ангажира куче во редовите на Топчиите. Се работи за куче од расата Лабрадор, а името му е Победа. Идејата на шпанскиот стратег е дека со доведувањето на кучето, ќе се намали нивото на стрес кај фудбалерите и ќе се подобри расположението.

Со доведување на кучето треба да се зајаке и заедништвото и сплотеноста меѓу сите во екипата. Кучето е на еден од членовите на клубот, а Победа веќе неколку пати бил во тренинг центарот на Арсенал.

Докажано е дека кучињата може да имаат позитивен ефект на менталното здравје, да го подобрат расположението и да го намалат стресот. Артета и во минатото покажал дека сака да користи неконвенционални методи, а ова сега е неговиот најнов алат за мотивација.

Арсенал моментално се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата со 81 бодови, четири помалку од лидерот Манчестер сити и само теоретски шанси дека може да стигне до титулата.

- Оглас -

Најнови вести