Артета го применува рецептот на Ферги, затоа Арсенал е главен кандидат за титулата!

Лондонски Арсенал е лидер на премиерлигашката табела, и прв фаворит за освојување на англиското првенство, ако се случи тоа би било изненадување, но Топчиите ги собираат плодовите од паметното засилување во последните два преодни рока.

Челзи потроши многу повеќе пари од Арсенал, но ги нема посакуваните резултати, за разлика од Топчиите кои и победуваат и играат добро. Арсенал има тежок распоред до крајот, треба да гостува кај Ливерпул, Сити, Њукасл и Челзи, но во моментов е прв фаворит за титулата која ја чека од 2004 година.

Менаџерот Микел Артета е главен архитект на успехот, со мудро пополнување на позициите кои му беа критични, и тоа претежно со играчи од Премиер лигата. Речиси половината од засилувањата на Арсенал во ерата на Артета, биле играчи кои од друг премиерлигаш дошле во Арсенал.

Со пополнување на составот со играчи кои имаат искуство од играње во Премиер лигата, знаат како функционира лигата и ги познаваат новите соиграчи, успех имаше и Јирген Клоп кој во Ливерпул ги донесе Мане, Ван Дајк, Вајналдум и Робертсон, а истото на времето го правеше и Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.

Артета летоска ги донесе Габриел Жезус и Зинченко од Сити, а зимава Тросар од Брајтон и Жоржињо од Челзи. Единствена принова која не е од Премиер лигата беше Фабио Виеира од Порто.

Манчестер јунајтед и Челзи истотака имаа големи реконструкции, но купуваа претежно играчи без премиерлигашко искуство, на кои им треба време да се навикнат на англискиот фудбал, па затоа резултатите на овие два тима доцнат.

- Оглас -

Најнови вести