Артета го сака Брахим Дијас во Арсенал

Арсенал за малку не успеа во трката за шампионската титула минатата сезона, но тоа не го обесхрабрува менаџерот Микел Артета. Шпанскиот стратег веќе ги планира новите засилувања што би можеле да пристигнат на „Емирати“ и што би го зголемиле квалитетот на неговиот тим за да биде уште поконкурентен со ривалите од Премиер лигата.

Медиумите на Островот најавуваат дека Микел Артета би сакал во својот тим да го доведе Брахим Дијас, офанзивецот на Реал Мадрид. Ќе се обиде да го убеди дека во Арсенал ќе има многу позначајна улога и поголема минутажа отколку во Кралскиот клуб.

Со доаѓањето на Килијан Мбапе и на Бразилецот Ендрик, јасно е дека минутажата на Брахим Дијас во тимот на Реал Мадрид ќе биде и дополнително намалена поради големата конкуренција. Ова може да биде и решавачки фактор за да одлучи да ја промени средината и да се пресели во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести