Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета, полека се запознава со фудбалерите во новиот клуб. Артета в четврток ќе дебитира на клупата на Топчиите, и тоа на гостински терен кај Борнмут. Тоа ќе биде средба од 19-тото коло во Премиер лигата, каде што Арсенал моментно е на 11-тото место само со 23 бодови.
На денешниот тренинг Артета посочи што сака од своите играчи.
„Сакам играчите да се чувствуваат одоговорно, да излезат на теренот и да изгледаат агресивно и страсно бидејќи тие го претставуваат клубот. Четири работи се важни, а тоа се: топката, соиграчот, противникот и просторот. Тоа се работите на кои ќе работите од самиот почеток бидејќи тоа се основите кои ќе ги барам од нив“, рече Артета.
Шпанскиот стратег како играч помина шест години во дресот на Арсенал. Сега треба да се докаже како тренер, а во лондонскиот тим доаѓа од клупата на Манчестер сити, каде што беше помошник на Пеп Гвардиола.
https://twitter.com/Arsenal/status/1209179409741160453