Еберечи Езе летово направи трансфер од Кристал палас во Арсенал за сума од 68 милиони фунти. Тој на мечот против Порт Вејл од Лига купот на Англија успеа да го постигне првиот гол во дресот на Tопчиите во петтиот настап, а веднаш следуваа и пофалби од Микел Артета.
„Тој играше многу сконцентрирано против противник кој се бранеше. Тие беа супер компактни, па не беше лесно да се најде слободен простор, но тој е многу вешт со топката. Се уште му е потребно време за да се вклопи со овие момци. Тогаш ваквите потези ќе ги има уште повеќе. Сакам да ја пронајдам позицијата на која ќе има простор да создава магични моменти и да прави разлика на теренот“, рече Артета.