19.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Артета ќе добие нов договор со кој ќе стане еден од најплатените тренери на светот

Микел Артета веќе неколку години врши одлична работа со Арсенал и наскоро ќе биде награден со нов договор.

Арсенал во последните две сезони го освојува второто место во Премиер лигата зад Манчестер сити, но и покрај тоа што Топчиите останаа со куси ракави, Артета ќе стане еден од најплатените тренери на светот, објавија англиските медиуми.

Според медиумите, челниците на Арсенал му подготвија нов договор на Артета со кој Шпанецот би заработувал по 15 милиони фунти годишно. Актуелниот договор му носи по девет милиони фунти по сезона.

Микел Артета на клупата на Арсенал седна во 2019 година, кога го наследи Унаи Емери.

- Оглас -

Најнови вести