Артета: Ќе го паметам овој ден, моите фудбалери никогаш не се откажуваат

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е презадоволен од драматичната победа на неговите фудбалери од 3:2 над Борнмут и по натпреварот изјави дека никогаш нема да го заборави овој ден.

Арсенал прими гол во 11-та секунда, а губеше и со 0:2, но во последните 30-тина минути успеа да направи пресврт и да слави со 3:2. Прво Томас Парти намали на 1:2, па Бен Вајт во 70-та минута го израмни резултатот, а голот вреден три бода го постигна Рис Нелсон во 98-та минута.

„Ова беше посебен начин да се дојде до победата, во последните секунди и поради тоа горд сум на фудбалерите кои никогаш не се откажуваат. Нема ништо поубаво од тоа ваквите моменти да се поделат со другите.

На теренот беше хаотично уште од првиот момент, но, не се откажавме и се соочивме со предизвикот. Атмосферата се промени по нашиот прв гол, а Рис кој поради повреда ретко беше дел од првиот тим, сега одигра фантастично. Неверојатно е да се доживее вакво нешто, а и навивачите беа неверојатни. Ќе го паметам овој ден поради повеќе причини. Воодушевен сум од иницијативата и храброста на играчите. Не секогаш е лесно, но најдобрите екипи тогаш се покажуваат. Ова е Премиер лига, сите противници се квалитетни и нема да ви ја олеснат задачата“, изјави Артета.

- Оглас -

Најнови вести