Арсенал е првиот тим кој сезонава стигна до двоцифрен број победи во Премиер лигата, па затоа и заслужено е на врвот на табелата. Топчиите сега го очекува гостување против Лутон, тим кој се бори за опстанок. На домашен терен Лутон има една победа, две ремија и три порази, а тренерот на Аррсенал, Микел Артета, повикува на претпазливост.
„Играчите на Лутон заслужуваат честитки за тоа што го направија минатата сезона и тоа што го прават оваа сезона. Воопшто нема да биде лесно да ги победиме. Мислам дека се многу подобар тим од тоа што се гледа на табелта и тоа колку бодови имаат освоено. Ние сме подготвени за борба“, најави Артета.
Арсенал и Лутон немаат играно од далечната 1991 година, а тогаш Лутон дома победил со 1:0. Арсенал и на претходните два меча на теренот на Лутон во 1990 нема победа (реми 1:1 и пораз 2:0).