Фудбалерите на Арсенал имаа фантастична претстава на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите и славеа со убедливи 3-0 над Реал Мадрид. Сега на „топчиите“ им следува меч од Премиер лигата против Брентфорд, а тренерот Микел Артета се обидува да ги спушти своите фудбалери на земја.
„Имаше неверојатна енергија, беше тоа посебна вечер, но тоа е готово. Сега ни треба целосен фокус на Брентфорд. Ова е меч кој го бара најдоброто од нас. Не станува збор за спуштање на земја, туку за одржување на енергијата и нејзино вложување на натпреварот против Брентфрод. Ќе видиме како фудбалерите се опоравиле, бидејќи тука не се работи само за Реал Мадрид, туку и воопшто за целата сезона која е напорна. Играме на секои три дена, играме во Европа, потоа се соочуваме со поинаков предизвик во Премиер лигата.“ – рече Артета пред саботниот меч против Брентфорд на домашен терен.