Артета мора да освои трофеј, ако сака да остане долгорочно на „Емирати“

Раководството на Арсенал и понатаму стои зад својот менаџер Микел Артета, иако тимот загуби два од четирите трофеи на кои претендираше оваа сезона. Поразите од Саутхемптон во четвртфиналето на ФА купот (1-2) и од Манчестер сити во финалето на Карабао купот (0-2) се оценети како разочарувачки, но не и како доволна причина за драстични потези.

Во клубот се свесни дека елиминацијата од тим од понизок ранг е сериозен удар, но сепак сѐ уште веруваат дека Артета е вистинскиот човек за долгорочната визија и развој на екипата.

Но, неговата позиција не е целосно сигурна и ќе зависи од резултатите до крајот на сезоната. Арсенал во моментов се наоѓа на врвот во Премиер лига, а воедно важи и за еден од главните кандидати за трофејот во Лигата на шампионите. Очекувањата на клупското раководство се јасни, освојување барем на еден значаен трофеј оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести