Артета: Направивме вистинско чудо на „Етихад“

Менaџерот на Арсенал, Микел Артета, беше видно разочаран по ремито со Манчестер сити (2-2), но одби да го коментира судењето, особено спорната одлука за црвениот картон на Леандро Тросар.


Артета ги пофали своите фудбалери за начинот на којшто се бранеа со играч помалку во текот на целото второ полувреме.

„Се гордеам со мојот тим. Додека условите беа нормални, игравме многу добро. Секако, беше исклучително тешко. Да не заборавиме дека Манчестер сити нема пораз на домашен терен повеќе од 40 натпревари“, изјави Артета.

„Потоа ситуацијата нагло се смени и бевме принудени да играме 55 минути со 10-мина играчи против најдобриот тим во светот. Она што го направивме е вистинско чудо. Фудбалерите покажаа неверојатен карактер и јас сум многу горд на нив. Исклучувањето на Тросар? Тоа не заслужува коментар“, додаде шпанскиот стратег.

Манчестер сити стигна до реми во драматичен натпревар на „Етихад“ со гол на Џон Стоунс во 97-мата минута.

„Кога ќе издржиш толку долго, цели 97 минути, и ќе примиш гол во 99-тата, тоа е многу разочарувачко, но можам само да бидам среќен со играта на тимот“, истакна Артета.

- Оглас -

Најнови вести