Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, со „жешка глава“ го даде својот прв коментар по елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите.
„Прво честитки до ПСЖ за пласманот во финалето. Проценката ќе ја направам кога ќе бидам малку поосвежен со ладна глава. Кога ќе ги погледнете двата натпревари, нивниот најдобар играч на теренот беше голманот, тој беше разликата која пресуди во нивна полза. Бевме многу блиску во финалето, многу поблиску отколку што покажа резултатот, но, за жал, испаднавме. Многу сум горд на играчите“, рече Артета.
„По 20 минути требаше да биде 3-0 за нас. Во долги периоди од двата натпревари бевме многу подобри од нив, но не сме во финале и тоа сигурно боли. Мислам дека немаше подобар тим од нас, но елиминирани сме“, додаде Шпанецот.