Артета објасни зошто Арсенал е елиминиран од второлигаш во ФА Купот

Арсенал беше фаворит на хартија, но на теренот загуби од Саутемптон со 2:1 и е елиминиран во четвртфиналето на ФА купот. Тренерот на Топчиите Микел Артета призна дека неговиот тим бил под потребното ниво. Саутемптон е тим кој се бори да влезе во Топ 6 во Чемпионшип, но синоќа успеа пред своите навивачи да го победи лидерот во Премиер лигата.

„Прво на сите, морам да им честитам на Саутемптон. Тие се на Вембли, ние не“, изјави Артета, а потоа додаде: Тимот имаше неколку многу добри моменти, но не ги искористивме. на овој меч не можевме да се справиме добро со долгите топки, нешто што е многу чудно, но  тоа е причината зошто го загубивме натпреварот. Двата гола ги примивме на сличен начин. Многу е тешко да се објасни тоа што се случи, но ете се случи“, рече Артета, кој додаде дека неговиот тим мора да ја прекине низата на лоши резултати.

Арсенал нема многу време да мисли за елиминацијата од ФА Купот затоа што денеска треба да замине на пат во Португалија, каде во вторник ќе игра во првиот меч од четвртфиналето од Лига на шампиони против Спортинг Лисабон.

- Оглас -

Најнови вести