Тренерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека неговиот тим едноставно мора да победи вечерва на свој терен против Брентфорд. Топчиите се лидери на табелата во Премиер лигата, но сега имаат само два повеќе од второпласираниот Манчестер сити.
„За нас е од витално значење да го победиме Брентфорд. Нашата мотивација доаѓа од напорот вложен во нашите подготовки и од начинот на кој пристапуваме кон натпреварите. Мора да бидеме подобри од нашите противници, да доминираме ако сакаме да победиме. Со оглед на нашата позиција во лигата и нашите перформанси, не мислам дека ни треба дополнителена мотивација. Секој натпревар од Премиер лигата е многу интензивен, Брентфорд сигурно ќе ни понуди различен предизвик и затоа мора да бидеме на врвно ниво“, вели Артета во пресрет на денешниот меч во Лондон.
Брентфорд е тим кој игра без многу калкулации и има шест победи и шест порази, а само еден нерешен резултат.

