32.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Артета откри кога ќе биде дебито на Ѓекереш за Арсенал

Новото засилување на Арсенал, Виктор Ѓекереш, го имаше официјалното претставување пред навивачите на мечот против Њукасл во Сингапур. Тој се појави на тревникот, но воопшто не беше дел од составот за натпреварот.

Според очекувањата, дебито за Арсенал треба да го има на пријателскиот меч против Тотенхем во Хонг Конг.

„Мислам дека нема одржано ниту еден тренинг со екипата од последниот натпревар на Спортинг, кога станаа шампиони. Утре ќе процениме. Ги помина сите медицински тестови, сè изгледа во ред, но важно е физички да се подготви. Не сакаме да ризикуваме, но сакаме да биде со нас што е можно поскоро“, вели тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Ѓекереш во Арсенал ја доби славната „14-ка“ на Тјери Анри, а треба да биде целосно подготвен за стартот на Премиер лигата и мечот против Манчестер јунајтед на 17 август.

- Оглас -

Најнови вести