Менаџерот на Арсенал, Микел Артера, вели дека неговиот тим е подготвен за денешниот прв меч од полуфиналето во Лига купот против градскиот ривал Челзи. Арсенал сезонава игра одлично, тимот е лидер во Премиер лигата, а сега фокусот е да се обезбеди и место во финалето на Лига купот.
„Фудбалот ни дава уникатна шанса. Бевме константни во овој турнир и сега треба да елиминираме еден голем ривал за да играме во финалето. Тоа е нашата мисија. Се надевам дека имаме научено нешто од минатата сезона, кога бевме елиминирани во полуфиналето. Оваа година сакаме да бидеме подобри и поефикасни. Кога ќе се стигне до оваа фаза, енергијата е поразлична“, вели Артета.
Арсенал е одличен во меѓусебните дуели со Челзи. Во последните девет меѓусебни двобои на овие лондонски ривали, Топчиите имаат шест победи, а три средби завршиле нерешено.

