Артета отсега е менаџер на првиот тим на Арсенал

Арсенал му даде поголема слобода на Микел Артета во клупските операции назначувајќи го за менаџер на првиот тим.

Опис на работното место досега му беше главен тренер, но зборот на Артета отсега ќе се слуша и во останатите делови во функционирањето на клубот, како на пример, контрола над финансиите и оперирање на трансфер-пазарот.

https://twitter.com/Arsenal/status/1304155438053818388

Ваквата обврска на стратезите уште функционира во Англија, за разлика од останатите првенства од топ-5 лигите во Европа, каде што тренерите се ограничени, а главни оперативци се спортските директори.

- Оглас -

Најнови вести