Арсенал повеќе од две децении чека да се израдува на титулата во Премиер лигата, а сеознава е на добар пат да стави крај на тој пост. Топчиите се лидери во англиското првенство, но тренерот Микел Артета знае дека му се потребни уште неколку засилувања за да може тимот да го задржи овој пеколен ритам и да одолее на нападите на ривалите во Премиер лигата.
Според англиските медиуми, Арсенал е подготвен во овој преоден рок да пазари кај Реал Мадрид. Фокусот е на 19-годишниот стопер на Реал, Виктор Валдепењас. Шпанскиот тинејџер пред еден месец дебитираше во сениорскиот тим на Кралевите, а веќе неколку месеци е на радарот на Арсенал.
Во клубот веќе биле направени интерни разговори околу стратегијата да се донесе Валдепењас во Лондон. Младиот дефанзивец има договор со Реал до 2029 година, а откупната клаузула му е дури 50 милиони евра. Тој е левучар и може да помогне и на позицијата лев бек.
Арсенал во дефанзивната линија ги има Габриел, Салиба, Калафјори, но доведувањето на Валдепењас ќе значи инвестиција за следните неколку сезони.

