Усман Дембеле ја освои Златната топка за 2025 година, а беше прогласен и за најдобар фудбалер во светот и според изборот на ФИФА, а сега е дел од шпекулација која може да одекне како вистинска бомба.
Французинот има договор со ПСЖ до 2028 година, но Арсенал налето планира да тргне по неговиот потпис, а Топчиите се подготвени да платат сериозна сума пари за неговите услуги.
Микел Артета минатото лето го доби Виктор Ѓекереш, а сега планира Швеѓанецот да игра во тандем со Дембеле во офанзивата, двоец кој ќе биде задолжен за постигнување голови, но и ќе треба да донесат трофеи во витрините на Арсенал.

