Кај Микел Артета се потврди присуство на вирусот Ковид-19, а тоа го покажаа позитивните тестирања направени на 12 март. Сепак, шпанскиот менаџер на Топчиите порача дека потполно закрепна и се чувствува добро.
Артета имал симптоми слични на Коронавирусот по средбата на неговиот состав против Олимпијакос во Лигата на Европа, откако неколку дена претходно се потврди дека сопственикот на Олимпијакос исто така е заразен.
„Ми беа потребни три или четири дена да почнам да се чувствувам подобро, со повеќе енергија и да ги оставам симптомите зад себе. Сега потполно сум добро и сум целосно излечен“, изјави Артета за шпанскиот телевизиски канал „Ла Секста“.
Инаку, тимот на Арсенал требаше да се врати на тренинг од утре, меѓутоа Артета посочи дека тоа е непотребен ризик со оглед на ситуацијата со Коронавирусот.