Артета продава тројца играчи кои ги плати 140 милиони евра

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, веќе со мислите е за следната сезона и одлучи да продаде тројца фудбалери за да заработи пари за засилувања.

Арсенал втора година по ред сезоната ја завршува на второто место во Премиер лигата, овојпат шампионот беше одлучен во последното коло, во кое Манчестер сити на крајот го крена шампионскиот пехар.

Артета одлучи на трансфер-листата да ги стави Томас Парти, Фабио Виеира и Габриел Жезус, кои клубот го чинеа 140 милиони евра и очекува од нивна продажба да инкасира приближно иста сума.

Габриел Жезус во Арсенал пристигна во 2022 година за 50 милиони евра, таа година на „Емирати“ дојде и Виеира за 35 милиони, а две години претходно Топчија стана Парти, кој беше платен 50 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести