17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Артета сака да го доведе Нико Вилијамс на „Емирати“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го означи Нико Вилијамс како главна цел за 2025 година, пишува „Атлетик“.

Арсенал е подготвен да направи сè за да го убеди Нико Вилијамс да го облече дресот на Топчиите, по што ќе ја активира неговата откупна клаузула од 58 милиони евра.

Не е тајна дека Вилијамс летово преговараше со Барселона, но реши да остане во Атлетик Билбао. Негова желба е да освои европски трофеј со својот клуб, кој ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа.

Поради тоа, малку е веројатно дека ќе го напушти „Сан Мамеш“ во јануари, но Арсенал ќе вложи максимални напори за да го обезбеди неговиот потпис.

Микел Артета сака да одржува контакт со играчот и да биде прв во редот за неговиот потпис, без разлика дали тоа ќе се случи во јануари или на почетокот на летото.

Покрај Барселона и Арсенал, Нико Вилијамс е под будно око и на Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести