9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Артета си најде нов напаѓач во Бундеслигата

Вицешампионот во Премиер лигата се наоѓа пред потпис со напаѓачот на Ред Бул Лајпциг, Бенјамин Шешко, објави весникот „Мирор“.

Според весникот, управата на Арсенал на инсистирање на менаџерот Микел Артета, веќе постигна договор со агентите на фудбалерот за платата и сега останува полесниот дел од работата, да се договори со бундеслигашот.

https://twitter.com/EduardoHagn/status/1796193294214426712

 

Арсенал ќе плати 45 милиони фунти за трансферот на Шешко, а слична понуда подготвија Манчестер јунајтед и Челзи, но напаѓачот ги одбрал Топчиите.

Ангажирање напаѓач во летниот преоден рок е главен приоритет на Артета бидејќи Габриел Жесус не ги оправда очекувањата и ќе биде ставен на трансфер-листата.

Бенјамин Шешко (20) минатата сезона постигна 14 гола во Бунсдеслигата, а вкупно 18 во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести