3.8 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Артета со „отровни стрели“ кон своите играчи по среќната победа над Вулверхемптон

Арсенал се намачи и на крајот со многу среќа стигна до победа на свој терен против Вулверхемптон со 2:1. Интересно е дека сите три голови беа дело на играчите на Вулверхемптон, но за нивна жал, два пати ја тресеа сопствената мрежа, па затоа Арсенал, славеше со 2:1.

По мечот, тренерот на Топчиите, Микел Артета беше незадоволен од играта на своите фудбалери и упати критики. Посебно беше незадоволен како реагирале во последните минути од мечот кога максимално паднала концентрацијата во одбраната и затоа примија гол, кој за среќа на крајот не ги остави без победа. Вулверхемптон првиот удар во рамките на голот на Арсенал го упатија во 90 минута и постигнаа гол.

„Имавме период од две или три минути во длабок блок, тотално пасивни со ужасни дефанзивни навики. Тоа не е ни блиску до потребното ниво против тим кој немал ниту еден шут. Првиот пат кога имаа можност да го сторат тоа, постигнаа гол. За среќа, на крајот постигнеме гол за победа, но дефинитивно мора да се подобриме. Неприфатливо е како го примивме голот“, критикуваше Артера.

За среќа на Топчиите, трите планирани бода на крајот се освоени и остануваат да бидат лидери на табелата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести