Н’голо Канте влезе во последната година од договорот со Челзи, што ги алармираше премиерлигашките ривали Арсенал и Манчестер јунајтед.
Многу повеќе загреани се Топчиите кои се надеваат дека ќе добијат шанса да ја исправат грешката од пред шест години. Канте по освоената титула со Лестер се пресели во редовите на Челзи, иако лесно можеше да заврши во Арсенал, па клубот од Северен Лондон како алтернатива го ангажира Гранит Џака.
Сега Артета сонува да го види Канте во црвениот дрес. Нормално, Челзи ќе го има последниот збор, бидејќи според англиските медиуми веќе е подготвен нов договор за Французинот и ќе се комплетира штом Сините завршат со летниот шопинг.
Инаку Канте во последните неколку сезони одолеваше на трансфер во ПСЖ, тврдејќи дека е среќен на „Стемфорд бриџ“. Со Челзи освои сé што може да се освои на клупски план – титула во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Лигата на Европа, ФА Куп, европски Суперкуп, како и Светско клупско првенство.