Арсенал утре гостува кај соседите Тотенхем во градското дерби кое ќе се игра во северниот дел од Лондон. Топчиите се надеваат дека ќе излезат од малата криза и по три кола во Премиер лигата ќе обезбедат позитивен резултат, но Микел Артета знае дека предизвикот е тежок.
Предводникот на Арсенал покажа голем респект за Тотенхем предводен од Жозе Мурињо, кој во 11-тото коло влезе како лидер во шампионатот со идентичен број на бодови колку и Ливерпул.
„Мислам дека е рано уште сега да се издвојат конкурентите за титулата, но Тотенхем засега одлично се движи во таа насока. Заслужено се меѓу водечките екипи, бидејќи подобро од нас ги извршуваат задачите и резултатите доаѓаат. Без разлика што се во добра форма, ние атакуваме на три бода“, истакна Артета.
Дербито е закажано за утре во 17:30 часот.