Фудбалерите на Арсенал синоќа остварија минимална победа од 0-1 на гости кај Евертон и така се вратија на врвот на табелата во Премиер лигата.
Утрото по натпреварот донесе навистина неверојатни вести за една ѕвезда на Арсенал која би можела да го напушти „Емирати“ оваа зима.
Според пишувањата на медиумите од Англија, Арсенал ќе се раздели со Габриел Мартинели, што би можел да биде најголемиот шок во јануарскиот трансфер период.
Крилниот напаѓач оваа сезона започна само пет натпревари во Премиер лигата, но во Лигата на шампионите игра навистина одлично и постигна гол во сите пет настапи оваа сезона. Мартинели е првиот играч во историјата на Арсенал кој постигнал гол во пет последовни натпревари од Лигата на шампионите.
Според англиските медиуми, Микел Артета одлучил да го продаде Мартинели во јануари. Во Турција, одат и чекор понатаму и тврдат дека Арсенал ги понудил услугите на Мартинели на турскиот гигант Фенербахче.
Многу европски гиганти сигурно би сакале да ја искористат можноста и оваа зима да го доведат Мартинели. Еден од тимовите е Баерн Минхен, кој веќе покажал интерес за Бразилецот.

