По одиграни четири кола во англиската Премиер лига, изгледот на врвот на табелата е очекуван. Шампионот Манчестер сити е единствен со перфектни 12 бодови, а веднаш зад нив е вицешампионот Арсенал со 10 бодови. Токму овие два тима в недела на теренот на Граѓаните ќе играат во дербито на петото коло.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета открива дека за овој меч се подготвува долго време, односно уште откако започнале предсезонските дуели, а било познато дека во петото коло гостуваат кај Сити.
„За овој меч се подготвуваме уште од подготвителниот период. Го знаевме распоредот и знаевме дека во само неколку дена ќе имаме три тешки дуели. Прво игравме против Тотенхем на гости, потоа кај Аталанта во Бергамо, а сега и против Манчестер сити. За ова се подготвувавме како физички така и на психички план“, рече Артета, кој додаде дека Манчестер сити имал еден ден повеќе аз одмор што е многу значајно во пресрет на еден така значаен дерби дуел.