12.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Артета за Ѓекереш: „Оставете го на мир!“

Виктор Ѓекереш пристигна во Арсенал летоска од Спортинг Лисабон за сума од 65,8 милиони евра и со епитетот на најдобар стрелец во Европа со 97 гола на 102 меча за екипата од Португалија.

Сепак, очекувањата дека „топчиите“ ќе добијат вистинска гол-машина не се остварија, па Ѓекереш постигна само четири гола на 17 натпревари.

„Имаше голема еуфорија околу него, бидејќи доведовме докажан голгетер со веројатно најдобрата статистика во Европа. Тој доаѓа во поинакво првенство, кое бара многу. Единственото прашање што му го поставив беше: ‘Како ќе реагираш ако не постигнеш гол на 5–6 натпревари по ред? Можеш ли да се справиш со тоа?’ Токму тоа треба да го видиме. Примерокот сè уште е многу мал, затоа оставете го на мир — сигурен сум дека работите ќе си дојдат на место. Она што ќе го отклучи се головите. И според тоа ќе судиме за неговите настапи.“ – вели тренерот на Арсенал, Микел Артета пред мечот против Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести