Артета згрме: Требаше да има два пенали за Арсенал

По седум победи во седум меча, Арсенал првпат сезонава не славеше на свој терен откако одигра 0:0 против Њукасл. Топчиите доминираа на теренот, имаа многу повеќе шанси, но не постигнаа гол.

По мечот, тренерот на Топчиите, Микел Артета, му беше лут на судијата и разочаран зошто арбитерот не досудил барем еден од двата очигледни пенали според стратегот.

„Посебно сум горд на играчите за тоа што го покажаа на теренот. Доминираа, се обидуваа да го контролираат мечот. Имавме многу ситуации и две скандалозни одлуки. Тоа беа два пенали, многу е едноставно. Зборувам за тоа што го видов. Тоа беа два скандалозни пенали“, рече Артета по мечот.

Првата спорна ситуација се случи во 58-мата минута, кога Габриел беше повлечен за дресот и падна пред противничкиот гол, додека вториот момент се случи во последните секунди од средбата, кога топката во рака го погоди Џејкоб Марфи од Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести