Артета жали за пропуштеното: Во првото полувреме можевме да постигнеме 4-5 гола

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, денеска беше надмудрен од колегата и сонародник Унаи Емери, кој е екс-менаџер на Арсенал, а иако Топчиите пропуштија шанса да се вратат на прво место и сега не зависат од себе дали ќе освојат титула во Премиер лигата, не се откажува од битката со Манчестер сити кој е сега на пол-позиција.

„Очигледно е дека сме многу разочарани од резултатот, особено од начинот на кој игравме. Првото полувреме беше едно од најдобрите полувремиња што ги одигравме оваа сезона против врвен тим. Требаше да постигнеме три, четири, пет гола и ќе беше поинаков натпревар. Кога не успеавме, во вториот дел се смени играта, бевме многу невешти со топката. Мора да го пофалиме противникот, нè победија“, рече Артета.

Инаку, суперкомпјутерот на Опта сега предвидува дека шансите за титула на Манчестер сити да ја освои Премиер лигата се дури 70 проценти. Арсенал има 18% шанси, а Ливерпул 12 отсто.

„Не можеме да го контролираме тоа што ќе го направи Манчестер сити, но она што можеме да го контролираме е дека кога мора да реагираме и да редиме победи. Имаме добра можност со победа против Баерн Минхен во среда да се вратиме на вистинскиот пат. Во која било друга лига во светот, ако победевте толку натпревари во низа како што направивме ние, ќе имавме, шест или осум бода предност. Тоа не е случај тука во Премиер лигата, и тоа го гледаме како предизвик“, додава Артета.

- Оглас -

Најнови вести