„Артилериски напад“ врз голман во Боливија (Видео)

На мечот од боливиското првенство помеѓу Стронгест и Хорхе Вилстерман, голманот на „најсилните“, Даниел Вака беше цел на вистински „артилериски напад“ од страна на фановите на неговиот некогашен клуб.

Навивачите на Вилстерман во исто време фрлија десетина топовски удари во правец на Вака и откако сите експлодираа во негова близина, голманот падна на теренот и му беше укажана лекарска помош, по што судијата досуди крај на дуелот и Вака беше пренесен во болница поради болки во главата и ушите.

Полицијата влета на трибината од која долетаа пиротехничките средства и приведе неколкумина навивачи. Вака во 2011 година од Вилстерман премина во Стронгест, а иако поминаа осум години, веројатно тој трансфер никогаш не му ги простија.

https://twitter.com/i/status/1122935539555086336

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести