Артур од Барселона ќе биде суспендиран затоа што на тренинг доаѓа со различни коли?

Бразилскиот фудбалер Артур Мело може да биде казнет затоа што прекрши едно од правилата на однесување на тренинзи за време на пандемијата. Артур во тренинг-центарот на неговиот клуб Барселона во петокот дошол со „ренџ ровер“, а денеска со „ферари“.

Дали станува за незнаење на Артур или намерно прекршување на протоколот кој им беше испратен на играчите, не се знае, но факт е дека на тренинг дојде со две различни возила.

Од Ла Лига велеа дека исполнувањето на сите точки е предуслов за продолжување на сезоната. Пред некој ден, Херта го казни и го суспендира својот играч Саломон Калу до крајот на сезонава за избегнување на санитарните протоколи.

Каталонскиот гигант реагираше веднаш и објави дека колата со која Артур дошол во петокот имала механички проблем, и дека инспекторот на лигата бил запознат со тоа, па Бразилецот нема да биде казнет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести