Артур во Јуве со необичен број на дресот, а меѓу редови го „боцна“ и Меси

Новиот член на Јувентус, бразилскиот играч за врска Артур Мело, беше претставен во Торино, а она што привлече внимание беше бројот на дресот кој ќе го носи и изјавата со која индиректно го „боцна“ неговиот поранешен соиграч Лионел Меси.

Артур во Јуве ќе носи дрес со бројот 5, иако овој број најчесто го носат дефанзивци. За Јуве не е ништо чудно играч од средниот ред да ја носи петката бидејќи и досега тоа беше случај, со Миралем Пјаниќ, кој замина во спротивен правец, во Барса. Артур со Јуве потпиша петгодишен договор.

Артур, кој не се раздели со Каталонците на убав начин, на претставувањето кажа дека му е чест што ќе игра за Јуве и што тренер ќе му биде Андреа Пирло, лесно го убедиле да потпише, а изјави и дека му е исполнување на сон што ќе игра со Кристијано Роналдо.

Пофалбите на сметка на Роналдо се толкуваат и како негов „поздрав“ до Аргентинецот Лионел Меси, со кого делеше соблекувална во Барселона во минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести