Артуро Видал ја тужи Барселона поради неисплатени бонуси

Чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал реши да го тужи клубот за кој игра. Тој бара 2,4 милиони евра, пари за кои верува дека ги има заработено благодарение на бројот на настапите. Видал ја активирал тужбата уште на 5 декември, а од Барселона тврдат дека играчот нема никакви бонуси за исплаќање.

Во договорото што го има Видал стои дека тој треба да добие одредени бонуси за 60 одиграни средби. Сепак, за да се активира тој бонус, Видал мора на 60 меча да има барем 45 одиграни минути, а тоа не се случило. Без разлика на тоа, Чилеанецот верува дека е во право и дека штом се појавил на терен во 60 натпревари, го има заслужено бонусот.

Освен што го тужи клубот, Видал не е задоволен и од третманот на тренерот Ернесто Валверде и верува дека треба да игра многу повеќе. Пред Ел Класико мечот против Реал Мадрид, Видал демонстративно го напушти тренингот, откако дозна дека нема да биде стартер. Токму затоа, се погласни се шпекулациите дека играчот ќе си замине од „Камп Ноу“ уште во јануарскиот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести