26.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Асани чека спортски пасош од ФИФА за да може да настапува за Македонија

Јасир Асани кој потекува од школата на Вардар чека спортски пасош од ФИФА за да може да настапува за сениорската репрезентација на Македонија.

Асани кој е роден во Скопје има четири настапи за нашата млада селекција, за потоа да одлучи да настапува за Албанија. Но таму одигра само еден натпревар за младата селекција.

Тој во моментов настапува за унгарскиот клуб Кишварда. Асани игра на позицијата крило, а во својата кариера покрај Вардар и сегашниот клуб, има настапувано и за Шкупи, Победа, Партизани од Албанија и АИК од Шведска.

- Оглас -

Најнови вести