Репрезентациите на Албанија, Косово, Турција, Норвешка и Полска имаат водство по првите 45 минути на вечерните натпревари од квалификациите за Европското првенство.
Скопјанецот Јасир Асани повторно е стрелец за репрезентацијата на Албанија, овојпат против Чешка за водство од 1-0 по првиот дел. Асани прецизно биеше уште во деветтата минута и повторно голот го постигна од далечина.
Чешка остана и со играч помалку во 40-тата минута, откако Миомир Читил доби втор жолт картон.
Хрватска доживеа вистински шок на домашен терен и губи од Турција со 0-1 со погодокот на Јилмаз во 30-тата минута.
Косово на полувремето води против Андора со голот на Рашица, Сорлот ѝ донесе водство на Норвешка против Кипар на гости, додека Симански погоди на Фарски Острови за водство на Полска на полувремето.
Резултати – полувреме:
Албанија – Чешка 1-0
Андора – Косово 0-1
Белорусија – Романија 0-0
Хрватска – Турција 0-1
Кипар – Норвешка 0-1
Фарски острови – Полска 0-1
Шпанија – Шкотска 0-0