Асењо со маестрална двојна интервенција ги зачуди Јорганџиите (видео)

Дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Вилјареал засега е неизвесен при резултат од 1-1 по првите 45 минути. На „Ванда Метрополитано“ имаше доста возбудувања во првиот дел, а најдобриот момент го има голманот на гостите Серхио Асенхо.

Шпанскиот чувар на мрежата при еден напад на Јорганџиите успеа да спаси две од сто отстони прилики, прво го спречи ударот на Мората, а потоа ја скроти и одбиената топка која не успеа да ја искористи Витоло. Сепак, во 40-тата минута Кореа успеа да го насамари расположениот голман и да ја анулира предноста која ја донесе Алкасер во 16-тата минута.

https://streamable.com/nqta8

- Оглас -

Најнови вести