Големото дерби во турската Суперлига меѓу Бешикташ и Фенербахче вчера се претвори во вистински хаос. Натпреварот беше обележан со тензија, исклучувања и инцидент кој можеше да заврши многу полошо.
Шпанскиот офанзивец Марко Асенсио, поранешен играч на Реал Мадрид и ПСЖ, во 30-тата минута додека се подготвуваше да изведе корнер, беше погоден со предмет во главата. Тој веднаш падна на тревникот, а на видеото што се шири на социјалните мрежи се гледа како на него паѓаат и други предмети – шишиња, чаши, па дури и остатоци од амбалажа.
Besiktas fans throw bottles on Asensio
byu/ViolinistOver6664 insoccer
Атмосферата пред инцидентот веќе беше многу напната, Бешикташ поведе со 2-0, но потоа остана со двајца играчи помалку по исклучувањата на Оркун Кукчу и Серген Јалчин поради груби прекршоци.
По црвените картони, Фенербахче ја искористи предноста и се врати во натпреварот, прво со погодок на Исмаил Јуксек, а потоа Асенсио постигна гол како „одмазда“ во судиското продолжение на првото полувреме.
Натпреварот продолжи и покрај инцидентот, Фенербахче на крајот славеше со 2-3, но јасно е дека Турската фудбалска федерација ќе мора да реагира, а казните за Бешикташ се речиси сигурни.

