Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио со гол во 41. минута му донесе победа на Реал Мадрид против Еспањол и сочува една неверојатна традиција и серија.
Реал Мадрид нема пораз на „Сантијаго Бернабеу“ од Еспањол точно 22 години и тоа е една од најдолгите серии во светот на фудбалот.
По пет одиграни натпревари Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 13 бодови, но Барселона со победа утре против Жирона може да се врати на врвот со максимален учинок и 15 бодови