Асенсио го остави Реал со човек помалку во 7-ма минута, но Куртоа, Џуд и Арда ја поправија работата

Реал Мадрид има предност од 2-0 по првото полувреме на дуелот со мексиканска Пачука, а Кралскиот клуб уште од седма минута има човек помалку на терен.

Дефанзивецот Раул Асенсио кој направи пенал на првиот меч со Ал-Хилал и беше заменет на полувреме, денеска пак беше слаб и откако загуби дуел со ветеранот Рондон направи фаул за исклучување и го остави Реал на цедило.

Но, голманот Куртоа со неколку интервенции, и со убавите голови на Џуд Белингам и Арда Ѓулер, Реал води и има контрола барем врз резултатот, иако играта на стадионот во Шарлот не е блескава. Реал од два шута во рамки на голот даде два гола, а Пачука имаше пет шута, но сите ги одбрани Куртоа.

Ова е голот на Ѓулер кој имаше завршница по акцијата на Александер-Арнолд и Гонзало Гарсија:

- Оглас -

Најнови вести