Дина Ашер-Смит е нова светска шампионка на 200 метри, а Британката е единствената што во финалето истрча под 22 секунди.
Со време од 21.88, Дина прва ја мина целта со национален рекорд, а среброто е за Британи Браун од САД со личен рекорд од 22 секунди и 22 стотинки.
Бронзата е за натурализираната Швајцарка Муџинга Камбунџи, која истрча за 22.51 и за осум стотинки беше побрза од четвртопласираната Американка Англерн Анелус и нејзината сонародничка Дезереа Брајант, која мина низ целта со резултат од 22.63.