Ашковски: Клучен беше мечот со Ерменија во Скопје, тука набилдавме самодоверба

Пред полетувањето за Скопје, владее супер расположение кај македонските фудбалери на аеродромот во Ереван, а и како не би било така, кога на две кола до крајот, Македонија го обезбеди првото место во својата група во Лигата на нации од Лига Ц, што ни носи пласман во поквалитетната Лига Б и шанса да играме бараж за Светско првенство.

„Направивме навистина голем успех. Не паметам дека некогаш Македонија осигурала прво место во група на два меча пред крајот. Три победи во низа и тоа без примен гол. Тоа навистина е нешто. Мислам дека клучен беше првиот триумф против Ерменија во Скопје, кога победивме со десетмина. Тогаш набилдавме самодоверба и на овие две гостувања во Рига и во Ереван покажавме квалитет“, ни изјави Стефан Ашковски.

- Оглас -

Најнови вести