10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Ашраф Хакими е избран за најдобар играч во Африка

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и марокански репрезентативец Ашраф Хакими е избран за најдобар играч во Африка во 2025 година. Тој во трката за оваа награда ги победи Мохамед Салах и Виктор Осимен.

Хакими освои тројна круна со ПСЖ, стана европски првак и беше лауреат во првенството и Купот на Франција, а имаше забележителни успеси и со Мароко.

„Ова е голема чест за мене. Горд сум што го носам дресот на Мароко, имав одлична сезона и на клупски план со ПСЖ и се надевам дека ќе продолжам во ист стил и во 2026 година. Оваа награда ја делам со моите соиграчи од репрезентацијата и од клубот“, изјави Хакими.

 

- Оглас -

Најнови вести