Асистенцијата на Елмас го најави враќањето на Наполи на првото место (Видео)

Наполи води со 2-0 против Болоња и се наоѓа на добар пат да се врати на првото место во италијанската Серија А бидејќи има подобра гол-разлика од Милан, со кого ако Наполи победи вечерва, ќе има еднаков број бодови по десет кола.

Фабијан Руиз даде прекрасен гол за 1-0, а асистент за погодокот е Елиф Елмас, кој му додаде на Шпанецот пред тој да упати феноменален прецизен шут од далечина. Вториот погодок беше дело на Лоренцо Инсиње од пенал. Екипата на Наполи е без Лучијано Спалети на клупата, тренерот кој беше исклучен во минатото коло од трибините дели инструкции.

Ова е голот на Руиз:

- Оглас -

Најнови вести