Љубителите на фудбалот во САД периодов уживаат во контролните мечеви на големи европски клубови кои се на подготовки во нивната земја, речиси и да нема меч на кој нема некоја велемајсторија, а така беше и на дуелот на Реал Мадрид и Милан.
Лука Ромеро постигна прекрасен гол за Росонерите, па Федерико Валверде со два гола со шутеви од далечина за две минути изедначи на 2-2, а посебна приказна е начинот на кој Реал дојде до победата со гол на Винисиус.
Бразилецот го имаше полесниот дел од работата, откако доби „топка со очи“ од ветеранот Лука Модриќ. Хрватот упати хируршки прецизна топка кон Винисиус, и ги воодушеви фановите кои во транс дури и коментираа дека Лука е најдобриот „ЛМ10“ во САД во моментов, иако таму има уште еден голем играч со иницијали ЛМ и дрес со бројот 10 (Лионел Меси).
LUKA MODRIC I LOVE YOU pic.twitter.com/d3UmQyKDsy
— mar. (@BELLIN5HAM) July 24, 2023